Моден мозаикРакотворци

Старо а свежо

Бачевски Славко, или Баче Хендмејд, својот стил го опишува како „Старо а свежо„ создавајќи мозаици и предмети, воглавно од рециклирани материјали. Планот и желбата што дел по дел ги остварува се Баче Хендмејд да прерасне во институција

 

Овој хотелско-туристички техничар кој има студирано во  Софија класична анимација, за себе вели дека  првите почетоци на креативноста кај него датираат од пред две децении, од времето кога со група другари започнува да црта мурали на сивите фасади низ Охрид.

Аверзијата кон работно место и секојдневните обврски го насочила неговиот интерес  кон изработка на мозаици, со старите алати на неговиот дедо во работилницата што ја има преуредено и реновирано пред две години и со која особено се гордее. Таму, на просторот за кој вели дека особено го инспирира и му дава енергија и сила да творам. првин работи чекан и длето, па со езерски камчиња во техниката мозаик. Од 2008 година работи под името Баче Хендмејд, со неколку кратки паузи и една подолга, за со својот стил да опстојува и до денес.

Својот стил го опишува како Старо а свежо, поради тоа што работи главно со рециклирани материјали. Набљудувањето, кое може да трае и со месеци, е на почетокот на создавањето. „Од керамичките плочки имам изработено мозаик од околу 16м2. Во последно време функционалноста е водечка инспирација за делата, најчесто како светлечки објекти. Формите се природни, а многу често самата природа веќе има создадено оригинален дизајн„.

Со квалитетна работа може да се живее нормално, вели Бачевски. Во суштина најдобро е кога   нешто се прави по нарачка и со конкретен план. Во тој случај дизајнот се препишува на друг. Јас сум само мајстор изработувач. Меѓутоа, секое слободно време го користам за разработка на мои идеи. Најчести купувачи на создаденото се странци, па така и најголемиот дел од уникатните производи завршува во странство. Последнава година, поради познатата состојба,  многу работи не се дури ни фотографирани за во архива.

You may also like

Comments are closed.