Редовното внесување пробиотици може да има бројни корисни ефекти врз здравјето и тоа, пред сè, врз дигестивниот тракт, за стимулирање на варењето и забрзување на метаболизмот, за намалување на надуеноста, за редуцирање на лошиот холестерол и добро влијание врз срцето, како и за подобрување на одредени состојби на менталното здравје (особено депресијата). Исто така, многу е корисен и ефектот врз имунитетот. Пробиотиците можат да имаат потенцијални придобивки и да делуваат како превенција на симптомите на грип и настинка.
Некои од добрите бактерии што се потребни на нашиот дигестивен систем, а со тоа и на целокупното физичко и психичко здравје се Bifidobacterium, Lactobacillus acidophilus и пребиотикот олигофруктоза. Bifidobacterium е пробиотик кој природно е присутен во цревата и служи за претворање на хранливите материи во енергија. Lactobacillus acidophilus е пробиотик кој може да се најде во ферментирана храна, како што е функционалниот јогурт Баланс+. Покрај тоа што го помага варењето, се смета и дека го намалува холестеролот и ги намалува симптомите на настинка и грип. Она што е сигурност може да се каже е дека е одличен за здравјето на цревата и за одржување на рамнотежа на цревната флора.
Олигофруктозата има пребиотичка функција и доаѓа од растителни влакна. Пребиотиците се вид диетални влакна кои служат како храна за добрите бактерии и на тој начин ја одржува рамнотежата на цревната флора. Така, пребиотиците ги задржуваат пријателските бактерии во цревата и делуваат симбиотски со добрите бактерии, забрзувајќи го нивното дејство.
Функционалниот јогурт Баланс+ со уникатниот Bifido Digestio комплекс – комбинација од двете пробиотски култури: Lactobacillus acidophilus LA-5 и Bifidobacterium BB-12 и пребиотикот олигофруктоза, ги содржи и го снабдува организмот со овие хранливи состојки. Придобивките врз дигестивниот систем од Баланс+ јогуртот се докажани и преку клинички испитувања, односно со редовно консумирање на Баланс+ пробиотскиот јогурт во тек на само 10 дена, работата на дигестивниот систем значително се подобрува. За постигнување на овој ефект оптималната препорачана доза е 500 г Баланс+ дневно најдобро поделено во два оброка, за појадок и за вечера./М.М.
More in:Здравје
Paingone Plus ослободува од болка!
Доверливата TENS терапија што со децении се користи за брзо ублажување на болката, со Paingone ...
Bril – заштита од микроби на четките за заби
Bril е ново средство за дезинфекција на четкичката за заби што користи клинички докажана технологија ...
„Кортизол лик„ нова опсесија на TikTok или нешто повеќе
„Кортизол лик„ е најнова опсесија поврзана со здравјето на TikTok. Се работи за нов здравствен ...
Тетоважите го зголемуваат ризикот од рак на крвта за 21 процент
Неодамнешното истражување на Универзитетот Lund во Шведска укажува на можна врска помеѓу тетоважите и зголемениот ...