Во рамките на годинешниот Met Gala, хуманитарен настан за прибирање средства за Metropolitan Museum of Art, отворена е и изложбата „Во Америка: Антологија на модата“. Поставена е во 13 соби на просторот на The Met и претставува втор дел од музејската прослава на американски стил. Првиот дел, насловен „Во Америка: Лексикон на модата“, е отворен во септември минатата година, а и тој останува изложен во The Met се до петти септември годинава.

Институтот за костими (The Costume Institute) е домаќин на својата прва изложба од два дела, на тема американската мода, во текот на 2021 и 2022 година.
Годинешната изложба „Во Америка: Антологија на модата“ за разлика од претходните теми на Met Gala е посветена на реалноста – особено онаа што популарните американски модни наративи во изминатите децении ги заборавиле.

Така, првите три предмети што посетителите можат ги видат ,кога ќе влезат во просториите на американскиот период, се палто што го има носено George Washington на неговата инаугурација, јакната на Brooks Brothers што ја носеше претседателот Abraham Lincoln кога на него е извршен атентат, како и униформа изработена од американскиот производител Brooks Brothers. Следат тоалети видени на првите забави на доселениците, потоа преставувања на различни костуми од времето на освојувањата и на економската експанзија.

Според организаторите на изложбата, идејата била да се направи серија кратки приказни за одредени периоди кои влијаеле на американската модна индустрија./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.