Пролетната колекција на Maya Hansen претставува нејзин одговор на тековната пандемија и времето потоа, во кое таа нуди свои видувања на извонредноста и на безвременска облека.

Maya Hansen е по потекло полу-аргентинка, полу-данка, родена и израсната во Шпанија, каде што дипломирала моден дизајн во престижниот Centro Superior de Diseño de Moda de Madrid во 2002 година.
Визијата на Maya Hansen за женска облека се фокусира на новата елеганција заснована на креативноста и на женствените форми. Иновациите во материјалите, како и соработкатата со уметниците и занаетчиите резултира со единствени, оригинални парчиња.


Maya Hansen го повторува својот хибридно- моден филмски формат во пролетно- летната колекција. Според Hansen, тековната пандемија и времето по неа сугерираат само една насока – потрагата по извонредност и безвременска облека. Во вакви околности корсетот е непогрешлив и неодминлив избор, комбиниран со класични фустани, здолништата и панталони.


Во постојана потрага по интеграција на занаети и различни дисциплини, како што се скулптурална техника, Maya Hansen предлага изгледи во кои секоја облека се третира како посебен универзум. Ткаенини како тексас, свилен микадо, сатен, кристали, месинг, везови, бисери… весели бои како лиснато зелена, црвена, петролеј сина или меко златна.

Силуетата е со нагласен струк, со украсени корсети и волумени на ракавите, давајќи ја посјовната точка во дизајнот за потоа секоја од облеките да делува и особено и посебно. Елата колекција може да се проследи на следниот линк:

 

 

More in:Мода

You may also like

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

Comments are closed.