На 13-ти и 14-ти декември, во хотелот „Мериот“, во Скопје , ќе биде одржано осмото издание на скопскиот вински салон Винодонија 2024. Најавено е претставување над 70 винарии од Македонија и од странство, со повеќе од 500 врвни вина, со цел да се зближат со љубителите на виното и да се влијае врз културата на вино кај македонските потрошувачи
Освен извонреден избор на вина, Skopje Vine Salon годинава донесува ексклузивен гастрономски дел, со присуство на над 15 изложувачи кои ќе презентираат деликатеси што совршено се надополнуваат со виното.
Програмата вклучува и тематски предавања: „Во долината на винската среќа – Дегустација на вина од северна Рона, Франција“, „Во светот на меурчињата“, „Едукативно предавање: Вино и срце“, како и уникатната „Голема вертикална дегустација на Merlot Single Vineyard на винарија Камник“.
Специјален дел се и работилниците: „Запознај ја винска Унгарија“, „Ризлинг – сорта за префинети и долговечни вина“, како и „Враќање во иднината – новоформирани вински сорти од Србија“.
Според Дејан Донев, проект менаџер на настанот, Винодонија 2024 е платформа за винариите да се претстават пред префинета винска публика, која вклучува гости од ХоРеКа секторот, угостители и љубители на виното. Ова е шанса за сите учесници да создадат нови контакти, да ги прошират своите пазари и да ја раскажат својата винска приказна, вели Донев.
Билетите за Винодонија 2024 се во ограничен број и можат да се купат однапред, на ( https://vinodonia.mk/shop/ ) по цена од 1000 денари за секој ден посебно, а мал дел ќе може да се купат и на влезот, пред почетокот на настанот, по цена од 1.200 денари.
More in:Вести
Утре и задутре – „Сити базар“ во Скопје Сити Мол
Од овој месец, на првиот кат од Скопје Сити Мол започнува „Сити базар“, нова иницијатива ...
CFDA дизајнерите донираат за Лос Анџелес
Модната индустрија на САД ги здружи силите за да им помогне на жртвите од пожарот ...
Versace пред продажба – дали Prada Group е купувачот
Вестите за потенцијалното купување на Versace од страна на Prada Group деновите предизвикаа бројни коментари, ...
H&M Studio ја претстави Pre-Spring колекцијата
Како што сезоната почнува да преминува во подолги, посветли денови, острите кроеви и обемните форми ...