Mother of Pearl

Одржливоста, грижата за природните ресурси, грижата за условите за работа и платите станува се поексплоатирана тема во светот на модата и текстилната индустрија во целина. Сите се согласни дека сме на почетокот на приказната, дека брзата мода и натаму е сеприсутна, но и дека стануваат се по бројни фирмите кои размислуваат и работат поинаку.

Серијалот текстови на МодаМода е посветен на компаниите кои се на патот на одржливоста и на нивните активности.

Marine Serre

Пред да го лансира својот бренд, Marine Serre беше перспективна тенисерка. Сепак, по една несреќа, таа одлучи да студира мода и беше на пракса во Margiela, Balenciaga и Alexander McQueen. Во 2017 година, реши да го лансира својот бренд. Потегот беше успешен – откако ја освои престижната награда на LVMH, а нејзиното лого со полумесечина може да се забележи насекаде.

Marine Serre

Брендот има две линии направени од пренаменети ткаенини. Едната, Red Line (која ги вклучува популарните дизајни на Месечината), е направена од отфрлени фабрички текстил и облека. Green линијата е од отпадни ткаенини што се споени за да создадат нови парчиња. https://marineserre.com/pages/manic-soul-machine

Marine Serre

„Предизвикот од отфрлени ткаенини да се создаде нешто ново е инспиративен. Можеби за три години, ќе сакате облека од Marine Serre од пред пет сезони.“. https://marineserre.com/

Marine Serre

Mother of Pearl

Mother of Pearl е бренд за женска облека, кој користи  органски памук, уште од својата прва колекција, од 2018 година, кога ја лансирана првата колекција „No Frills“. Брендот потоа започна да го следи својот прозводствен синџир преку програмата „ Traced from Fabric to Final “. https://motherofpearl.co.uk/

Mother of Pearl

Според најновата програма – Good on You,  редовно се посетуваат добавувачите, а се води и грижа за платата и условите за работа на работниците. Пред две години, Mother of Pearl соработуваше со BBC Earth  на создавање на филм на тема: одрживоста на модата, премиерно прикажан на лондонската модна недела.

Mother of Pearl

Children of the Discordance

Зад брендот Children of the Discordance е дизајнерот Hideaki Shikama, центарот на интересирањето е фер-трговија. Колекциите на Shikama вклучуваат дизајни инспирирани од Индија, Мексико и Палестина. За да ги направи, патува до работниците, ткајачите и везилките. Настојувам да им ја плаќам целосната вредност за ткаенините и везовите. Никогаш не преговарам за попусти со домашните партнери со кои ги создаваме нашите колекции. Модниот филм од најновата колекција е на следниов линк: http://www.childrenofthediscordance.com/movie/children-of-the-discordance-face-a-j-21aw-tokyo-runway-show/


Children of the Discordance

Студио LES FLEURS

Студиото LES FLEURS започна како продавница за винтиџ облека. Сопственичката, Maria Bernad, внимателно ја обновуваше старата облека, накит и додатоци за нејзиниот онлајн пазар. Наскоро започна да создава и своја облека.  LES FLEURS е облека создадена од стари материјали, без разлика дали станува збор за остатоци од луксузни брендови или ткаенини пронајдени на отпад. „Ние лансиравме неколку мали колекции кои секогаш се одржливи, произведени од природни материјали, како свила или памук, рециклирани копчиња и украси“, истакнува Bernad во интервјуто за Forbes. „Нашето ателје вработува жени на кои им е потребна работа со скратено работно време, за да можат да се грижат за своите семејства“. https://lesfleurstudio.com/product-category/new/page/3/  /М.М.

LES FLEURS

Les Fleure

Les Fleure

 

You may also like

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

Comments are closed.