Македонската модна дизајнерка Стефанија Насеска на Скопскиот Моден Фестивал во Сити Мол ја претстави колекцијата за пролет-лето 2022, насловена како “The Great”, инспирирана од Александар Македонски и целосно модно преведена и прилагодена кон современите модни трендови.

– Оваа колекција е со посебно значење за мене бидејќи го одбележува десет годишниот јубилеј од прикажувањето на мојата прва самостојна колекција. Токму поради тоа, изборот за инспирација паѓа на лик кој според мене претставува моќ, вели Насеска.

Колекцијата претставува восхит кон ликот и приказ на космополитски залагања и погледи на Големиот Александар кон светот, а поради јубилејната десетка во оваа колекција има елементи од секоја претходна.

– Доколку ме запрашате зошто токму Александар и таква скокотлива тема, ќе одговорам дека уметноста и креативноста не препознаваат граници и, според мене, тој е лик со кој треба да се гордее цел Балкан. Прифаќање и почит кон различностите – тоа е она што нас како луѓе не прави големи, или, The Great, додава дизајнерката.

Токму тоа и го асоцира различноста и шаренилото на материјалите инспирирани од античките мозаици.Како детали се среќаваат лавот и сонцето, а исто така и преовладува белата боја, а овие и многу други елементи се заштитни симболи на античкото македонско кралско семејство.

– Дури и панделките во колекцијата не се ставени случајно, туку се моден превод на тројните-дупли секири кои се симбол за авторитет. За колекцијата концептуално да биде издржана, изработив ташни во форма на штитови со утре модерен ‘patchwork’ дизајн и шлемови во форма на лавовска глави, појаснува модната дизајнерка.

Колекцијата доживеа едно фантастично промовирање на првата сезона од Скопскиот Моден Фестивал и ќе биде достапна во showroom-от на приземјето на Скопје Сити Мол, од седми па се до 27. март./М.М.

More in:Мода

You may also like

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

Comments are closed.