Maison Margiela

Maison Margiela во својата есенско-зимска колекција за годинава повторно ја обработува пандемијата. Овој пат, посакувано е враќањето кон некогашното нормално, и тоа навраќање и враќање, доминира и во модниот допир врз дизајнот, како и во филмот со кој е претставена колекцијата.

Највознемирувачки несакан ефект на социјалното дистанцирање  е чувството дека се е наопаку и дека се нешто недостасува во нашите души, велат од Maison Margiela претставувајќи ја колекцијата. Ништо не е како што изгледа, времето е непроменливо и целите исто така како да се оддалечуваат. ММ6 сето тоа го чувствува. Колекцијата наменета за есенва е целосно необична. Тоа се гледа и на филмот, сместен во кабаре во Париз, во кој се се одвива обратно, започнувајќи со финална прошетка и конфети, а завршува со подготвување на моделите за настап на ревијата.

Правењето работи наназад беше и естетската почетна точка на брендот оваа сезона и тоа се гледа и низ преставените модели. Особено беше карактеристична плетената облека  која се расплетуваше до рамената и заостануваше зад моделите како конец – како симбол на чуство на нешто неврзано (како што сите сега се чувствуваат). Оваа употреба на Margiela во служба на убавината и функцијата означува едно од најдобрите излети на ММ6, како нежно, духовно потсетување на човечкиот допир зад една од најлегендарните брендови на модата.

Maison Margiela, е инаку поранешна Maison Martin Margiela, француска луксузна модна куќа, со седиште во Париз. Основана е во 1988 година од белгискиот дизајнер Martin Margiela. Модната куќа паралелно создава колекции висока мода, а произведува и занаетчиски колекции, инспирирани од високата мода и колекции ready-to-wear, со дизајнерско влијание на високата мода врз онаа подготвена за носење. Maison Margiela е дел од OTB Group./M.M.

Maison Margiela

Maison Margiela

Maison Margiela

Maison Margiela

Maison Margiela

Maison Margiela

Maison Margiela

 

More in:Мода

You may also like

Мода

Wild West на Zuhair Murad

За неговата Wild West колекција наменета за периодот пред есента 2022 година, дизајнерот Zuhair Murad, ...

Comments are closed.