Olivier Rousteing, креативниот директор на Balmain, ги зеде иконските кроеви, дезени и стилови на модната куќа и им даде опуштен летен изгледм за специјалната летна капсула колекција, со ограничено издание. Добро познатата љубов на Rousteing за силната графика е канализирана преку препознатливата bleu-blanc-rouge палета, помагајќи да се создадат сосема нови парчиња со широк спектар на потписи на Balmain.

Кога се во прашање чантите на Balmain, претставени во летната колекција, тие се потпираат на три различни извори на инспирација: богатата архива на модната куќа, креативното ателје што продолжува да го совладува традиционалните модни техники, како и препознатливиот стил на Rousteing.
Од ахривите секако дека потекнува и исконскиот монограм, вграден во логото на модната куќа. Страста на Pierre Balmain кон класичната архитектура, кон средновековните замоци и таинствените лавиринт градини околу нив, ширум Франција, се јасно видливата инспирација на Balmain за неговата лавиринт текстура, изведена од монограмот на неговото име и презиме.

Balmain капсула колекцијата за летово, освен модели на чанти со лавиринтен монограм, претставува и традиционално моќна, препознатлива, Balmain силуета наменета како за жените, така и за мажите./М.М.

More in:Мода

You may also like

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

Comments are closed.