Предновогодишниот период е секогаш резервиран за убави нешта, а 18.12.2023 година е датум резервиран за новата предновогодишна концертна бајка, со Sarah Mace & the Christmas Girls и Камерниот Оркестар на Битола. Под диригентската палка на Владимир Димовски, концертот ќе донесе комплетна новогодишна атмосфера во Македонска Филхармонија и ќе оживее премиера на зимска концертна приказна, насловена како „Jingle Bells Symphony“.
Публиката ќе има можност да ужива во изведбата на најпопуларните Божиќни песни, како „Jingle Bells“, „Santa Claus is comin to town“, „Deck the halls“, „All I want for Christmas“ и многу други. Овој бајковит музички репертоар ќе биде отпеан од исклучителните вокали на Сара Мејс, Калина Велковска, Полина Тасева, Ана Петановска и Теа Богатинова, надополнет со звуците на Камерниот оркестар на Битола.
Концертот започнува во 20:00 часот. Билетите се во продажба и можат да се купат тука.