![](https://i0.wp.com/modamoda.mk/wp-content/uploads/2022/05/%D0%B3%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%B5%D1%82-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%BE%D1%83-%D0%BF%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B8-1.jpg?resize=800%2C400&ssl=1)
Најавата на Gwyneth Paltrow за новиот производ на Goop предизвика бурни реакции на социјалните мрежи: се работи за пелени од волна, со килибарни копчиња, вредни 120 долари. Новите пелени Goop ги претстави на Инстаграм како монограмска пелена за еднократна употреба: „Нашата нова пелена за еднократна употреба, обложена со девствена алпака волна и прицврстена со килибарни скапоцени копчиња, познати по своите антички својства за емоционално чистење. Има мирис на јасмин и бергамот “.
Среде големите критики за пелената, Gwyneth Paltrow повторно се јави, но со остра критика на цените на пелените како луксузен производ. Подоцна и портпаролот на Goop за The Post изјави дека објавата имала за цел да ја започне дебатата за цените на пелените и данокот за нив. Пелената од рекламата едноставно не постои, посочено е, но постои голем проблем и наша цел беше да се осветли вистинскиот проблем.
Зад идејата на ваквото поттикнување на јавноста, како што беше посочено, се Goop и организацијата Baby2Baby кои објавија и дека прифаќаат донации за помош на оние на кои таа им е потребна во нега на децата, како и за покренување на неопходни законски промени со кои ќе се влијае врз цените на пелените./М.М.