За есента 2021 година, австралискиот моден дизајнер Dion Lee предлага деликатни интервенции со ткаенините на моделите, безмалу свесни субверзии на материјалите со кои облеката добива поинаква, сосема нова димензија. Некои од парчињата се инспирирани и од коњаници и коњски ремени, како детали на блузите или здолништата. Една од неговите погенијални идеи оваа сезона е нов Y крој на панталоните од кашмир, носени од машки и женски модели.

Се чини помалку чудно што Lee нема поголема публика, односно купувачи во САД и Европа. Наспроти тоа, неговата втора кожа  и сексапилност лесно наоѓаат обожаватели во светот на славните. Аријана Гранде го носи неговиот корсет во видеото „ Positions“, а Jacob Elordi е во негов модел на насловната страница на спортски магазин.

Dion Lee е австралиски моден дизајнер кој во 2009 година ја има основано својата истоимена модна куќа. Тој е првиот дизајнер кој имал можност да одржи своја модна ревија во сиднејската Opera House, во 2010 година. Во Австралија, каде има осум продавници, продажбата според извештаите оди одлично, исто како и во  електронската продавница. Познавањето на пазарот и на клиентите го одржува бизнисот на Dion Lee во режим на постојан пораст и за време на пандемијата.

Dion Lee

Овој јули, Dion Lee ќе ја отвори својата прва продавница во Америка, во New York, во Soho. Местото од 4.000 квадратни метри ќе биде првиот простор на компанијата надвор од Австралија, во потфатот за освојување и на тој пазар.

Луксузните лежерни кроеви на палтата и чизмите, предложени за есента 2021 година, изработени во партнерство со француската компанија Both Footwear, рефлектираат на личниот стил на дизајнерот. Неговата сигурност во однос на неговиот стил несомнено му помогна да го зацрта својот пат во модата. Колку повеќе колекцијата на Dion Lee личи на плакарот за облека на  Dion Lee, толку е подобро. Американските клиенти ќе го имаат тоа предвид./M.M.

Dion Lee

Dion Lee

Dion Lee

Dion Lee

Dion Lee

Dion Lee

Dion Lee

 

More in:Мода

You may also like

Мода

Wild West на Zuhair Murad

За неговата Wild West колекција наменета за периодот пред есента 2022 година, дизајнерот Zuhair Murad, ...

Comments are closed.