Bobe's bakery

Bobe’s bakery

Потребни состојки:

  • 1.5 јаболка: излупени, исчистени од семки, исечкани на кругови
  • 250 гр.шеќер
  • 150 гр. ореви, лешници
  • 5 јајца
  • 5 големи лажици шеќер
  • 5 големи лажици брашно
  • прашок за пециво
  • цимет по желба
  • 200 мл. слатка павлака изматена за украсување.

    Bobe’s bakery

Подготовка:

На плех премачкан со масло се посипува шеќер, се редат јаболката и се додаваат сечкани ореви и лешници. Врз нив повторно се посипува шеќер и цимет, па се ставаат да се печат 20 минути, во рерна загреана на 220Ц.

На изматени јајца и шеќер им се додаваат и брашното и пецивото за пандишпан, се прелеваат испечените јаболка, па се ставаат во рерна да се печат уште 15 минути.

Кога колачот ќе се олади се превртува и се украсува со шлаг.

Наздравје! /Б.Б.

You may also like

Comments are closed.