![](https://i0.wp.com/modamoda.mk/wp-content/uploads/2023/02/BeautyPlus_20230204164529418_org.jpg?resize=800%2C400&ssl=1)
Со почетокот на новата година нашиот успешен интернационален модел Ивана Караџова замина за Милано каде што ќе престојува до средината на март. Од самиот старт, почна со ангажманите, а помеѓу првите проекти што ги изработи е и новата кампања на Теранова. Кампањата е реализирана во Римини и Милано, студиски како и каталог.
Караџова одлично се снајде во новата средина и очекуваме нивна реализација, велат од Моделс Ин Менаџмент.
Нејзината успешна кариера започна кога во 2016-та стана лице на годината ( Look of the Year ) за Македонија. Имаме големи очекувања за Ивана, бидејќи докажа дека припаѓа на светскиот моделинг, велат од нејзината матична агенција – Моделс Ин Менаџмент.