Најновата колекција на Alice + Olivia, наменета за есен/зима 2025 година, претставена на модната недела во Њујорк, ја продолжува модната приказна на Stacey Bendet, креаторката и основачот на брендот.
Овој пат, понесена од делата на Шекспир – не само неговите драми, туку и во времето во кое живееше, Stacey Bendet создава колекција која ги комбинира историските референци со препознатливата, разиграна и нослива естетика на брендот.
Сите женствени нешта на Stacey Bendet имаат за цел да се создаде облека што ги спојува разиграноста и флертот, со секси и софистицираното. Украсени ткаенини и шарени принтови и нудат на современата жена опции за секој ден и за секоја пригода.
Stacey е позната по нејзиниот креативен пристап во комбинирањето на боите, текстурите и дезените на сосема неочекуван начин, правејќи ја Alice + Olivia синоним за модерна, но забавна мода, погодна за секоја пригода.
Колекции на брендот остануваат и познати по своите луксузни, но сепак достапни парчиња, кои ги сакаат познати личности како: Beyonce, Gwyneth Paltrow, Gigi Hadid и Jessica Alba.
Alice + Olivia се позиционира како луксузен бренд, но во исто време со релативно прифатлива цени, во споредба со некои други познати дизајнерски имиња. Ова овозможува многу жени да уживаат во високиот моден стил без премногу високи цени./M.M.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.