Гевгелија Мол, новиот шопинг центар, чие отворање се очекува во летото 2025 година, ветува дека ќе ги редефинира традиционалните шопинг искуства, комбинирајќи ги купувањето, забавата и дружењето на еден единствен простор.
Гевгелија Мол, како што се наведува во соопштението, ќе биде простор каде што шопингот ќе биде пријатно и безгрижно искуство. Со модерен дизајн, отворени простори, природна светлина и лесна ориентација низ сите нивоа, ветува удобност додека се истражува огромниот избор на брендови и услуги. Една од највозбудливите вести е отворањето на најголемото Џамбо во Македонија, со импресивни 3.500 м² исполнети со производи за домот, играчки, декорации и многу повеќе.
Mikel Coffee, еден од најпознатите светски ланци за кафе, отвора свој локал во Гевгелија Мол. Без оглед дали ви треба брзо утринско кафе или релаксирачко попладневно дружење со пријателите, Mikel Coffee ќе биде совршеното место за уживање.
Фришопот, од 1.000 метри квадратни, се очекува да биде главна дестинација за туристите и патниците кои бараат атрактивни понуди и ексклузивни брендови, по поволни цени. Ова ќе биде еден од најголемите фришопови во регионот, сместен во непосредна близина на граничниот премин Богородица.
Гевгелија Мол, според соопштението, ќе биде и центар на сите значајни настани во регионот. Со редовни промоции, културни настани, детски работилници и сезонски активности, ќе создаде простор каде секој ќе може да помине убави моменти со своите најблиски.
Со уникатната комбинација на шопинг, забава, релаксација и квалитетни услуги, се очекува Гевгелија Мол да ја трансформира перцепцијата за шопинг во 2025 година.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.