Минатата година за многумина значеше и промена на начинот на работа и промена на начинот на облекувањето. Границата на она што се носи за на работа и она што се носи во текот на викендот стана нејасна – така на зум апликацијата можеше буквално да се види се како облека за деловен видео состанок, како средство на деловна комуникација.


Можеби затоа и има смисла, креатoрите за пролетта 2021 да предлагаат своевиден микс на „смарт кежуал„ облекување. Освен Валентино и голем број други влијателни имиња – како Мартин Роуз, Баленсијага, Прада или Крег Грин – направија ваков микс на облека за во канцеларија.


Предводникот на трендот, Валентино, за канцеларија вклучува кежуал јакна, кошула со копчиња и фармерки за мажите и лежерни комплети за жените со кои и во кои би можеле да поминат поголем дел од денот, без оглед каде ќе наоѓаат./M.M.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.